ССК: Поголема продуктивност за самостојна исплата на зголемениот минималец

18.10.2017 16:36

Приватниот сектор се воздржува од инвестирање, потребни се стабилна политичка состојба и намалување на изборните циклуси- велат од Сојузот на стопански комори. Претседателката Арсовска со став- прво треба да се дејствува на зголемување на продуктивноста, да се зголеми моќта, без субвенции да се исплаќа минималната плата...

Приватниот сектор се воздржува од инвестиции, пад на произвоството и извозот ќе има сѐ додека фирмите не бидат сигурни дека политичките турбуленции ќе се смират. Потребна е стабилна политичка состојба и намалување на изборните циклуси за да продолжи производството- велат од Сојузот на стопански комори.

Наредниот месец се очекува да почне и исплатата на субвенциите од државниот буџет за минималната плата што треба да им го ублажи финансискиот товар на компаниите. За да не се случи на сметка на зголемувањето, намалување на бројот на вработени, прво треба да се делува на продуктивноста на фирмите и да се зголеми нивната моќ, без државна помош да исплатат 12 илјади минималец, став од ССК.

„Не сакаме да се соочиме со проблеми во ликвидноста поради зголемување на трошоците кои компаниите реално немаат можност да ги издржат зашто им се зголемуваат, покрај сите останати парафискални давачки, и овие други давачки како што е зголемувањето на минималната плата. Не би сакале да се соочиме со ситуација во која приватниот сектор ќе почне да го намалува бројот на работните места за да ја исполни квотата за исплата на минималната плата“, посочува Данела Арсовска, претседател на ССК.

За трансфер на административците во приватниот бизнис, потребна е реална слика со какви кадри располага јавниот сектор, за фирмите да филтрираат што им е потребно. Стопанството има потреба од работници, за да прифати трасфер на вработени мора да има добра анализа за функционалноста на администрацијата- вели Арсовска.

Стотина македонски компании преку дигиталниот систем на Светската трговска организација интернационално ќе го промовираат бизнисот, ќе воспостават врски со меѓународни деловни партнери. Светската мрежа за мали бизниси, ќе ги отвори вартите за извоз, ќе биде гаранција за ефикасни и безбедно деловни трансакции- вели Арсовска за проектот прогласен за втор шампион веднаш по корпорацијата „Гугл“.

Сузана Фиданска- Стоевска