ДИК ќе одлучува по приговорите за изборите

19.10.2017 08:51

До ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори. Најмногу од нив се од ВМРО-ДПМНЕ, 43, и по еден од ТМРО, Алијансата на Албанците и од Левица.

Државната изборна комисија на денешната седница треба да ги разгледа и да одлучи по приговорите од подносителите на листи на кандидати во врска со гласањето на првиот круг на локалните избори.

До ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори. Најмногу од нив се од ВМРО-ДПМНЕ, 43, и по еден од ТМРО, Алијансата на Албанците и од Левица.

ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29-ти октомври.