Каталонија: Пуџдемон ќе мора да одлучи за независноста
По референдумот за независност на први октомври, Пуџдемон потпиша декларација за самостојност, па ја блокираше за да се разговара со Мадрид.

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон ги носи конечните одлуки за иднината на автономниот регион. По референдумот за независност на први октомври, Пуџдемон потпиша декларација за самостојност, па ја блокираше за да се разговара со Мадрид.
Шпанските власти побараа конкретен одговор и се предупредија дека ќе биде активиран Член 155 од Уставот со кој се блокира системот на самоуправа. Наместо одговор, Пуџдемон побара продолжување на периодот за дијалог за уште два месеца.
Мадрид му постави нов ултиматум да се изјасни до денеска. Владата во Барселона предупреди- Прогласуваме независност ако ни ја замрзнат автономијата.
