ТВ24: Уапсени Грујевски и Бошковски
19.10.2017 10:11
Досега портпаролот на МВР официјално за МТВ не ја потврди оваа информација.

Горан Грујевски и Никола Бошковски, двајцата поранешни началници во МВР, кои од СЈО се обвинети во предметот „Тврдина“, ноќеска се уапсени во Солун, Грција, јави Телевизија 24.
Досега портпаролот на МВР официјално за МТВ не ја потврди оваа информација.
Грујевски и Бошковски повеќе од месец дена се во бегство откако Кривичниот суд- Скопје 1 им одреди мерка притвор.
