МЕПСО треба да плати пенали од 800.000 евра за нереализирани проекти

19.10.2017 10:18

Според директорот Василевски, ова е нотирано во забелешките во прелиминарниот извештај на Државниот завод за ревизија за материјално-финасиското работење на компанијата...

Државната енергетска компанија МЕПСО треба да ѝ плати пенали на Европската банка за обнова и развој во износ од речиси 800 илјади евра заради ненавремено отпочнување на проекти за кои компанијата има земено заем од банката, во вредност од околу 50 милиони евра, изјави генералниот директор Сашо Василевски во интервју за агенцијата МИА.

Ова според Василевски е нотирано во забелешките во прелиминарниот извештај на Државниот завод за ревизија за материјално-финасиското работење на компанијата.

Ревизијата ја нарачал претходниот менаџмент на МЕПСО, а наводите се потврдени и во интерната ревизија што ја спровеле сите ресорни директори при примопредавањето на функциите на барање на новиот менаџмент.