Вработен во Општина Карпош променил брави во простории на Општината

19.10.2017 12:31

Според пријавата, лице вработено во администрација во Општина Карпош, без никакво овластување и знаење, ги земал клучевите од просториите на Aрхивата и на Комисијата за јавни набавки...

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски вчера попладне во полиција пријавил дека вработен во администрацијата ги променил бравите на просториите на Aрхивата и на Комисијата за јавни набавки.

Според пријавата, лице вработено во администрација во Општина Карпош, без никакво овластување и знаење, ги земал клучевите од просториите на Aрхивата и на Комисијата за јавни набавки и во текот на изминатото деноноќие неовластено ги променил бравите, при што општинската администрација нема увид и пристап до Aрхивата и Комисијата за јавни набавки на општината, соопшти Министерството за внатрешни работи.