Грујевски и Бошковски уапсени пред да ја напуштат Грција со лажни патни исправи

19.10.2017 12:58

Oд Министерството за правда информираат дека сѐ уште немаат добиено известување од Интерпол за апсење на Грујевски и Бошковски во Грција, по што ќе можат да ја почнат постапката за екстрадиција.

Горан Грујевски и Никола Бошковски, двајцата поранешни началници во МВР, кои од Сјо се обвинети во предметот „Тврдина“, ноќеска се уапсени во Солун, Грција, јави Телевизија 24. Неофицијално тие биле уапсени пред да ја напуштат Грција, во обид да отпатуваат во друга земја на ЕУ со лажни бугарски патни исправи.

Досега портпаролот на МВР официјално за МТВ не ја потврди оваа информација. Од Министерството за правда информираат дека сѐ уште немаат добиено известување од Интерпол за апсење на Грујевски и Бошковски во Грција, по што ќе можат да ја почнат постапката за екстрадиција.

Грујевски и Бошковски се во бегство од 18-ти јули, откако Кривичниот суд- Скопје 1 им одреди мерка притвор.