Метео: Од понеделник пониски температури

19.10.2017 14:22

Максималната температура во текот на утрешниот ден ќе достигне до 28, а во сабота до 29 степени.

Сончевото и топло време во Македонија со мала облачност и со висока дневна температура продолжува  утре како и во текот на викендот. Максималната температура во текот на утрешниот ден ќе достигне до 28, а во сабота до 29 степени.

Од понеделник следува период на облачно време со врнежи од дожд и пониски температури за околу десетина степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска