Кривичен ги отфрли „бомбите“ како доказ во шест случаи на СЈО

19.10.2017 14:36

Неодамна овој суд донесе иста одлука и за предметите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“ за кои пак скопска Апелација одлучи поинаку и дозволи снимките да се користат за докази.

Специјалното јавно обвинителство добило известување од Кривичниот суд дека за незаконски прибавени ги смета доказите со телефонските снимки за предметите „Титаник“, „Титаник 2“, „ТНТ“, „Тенк“, „Тревник“, и „Тифани“.

Неодамна овој суд донесе иста одлука и за предметите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“ за кои пак скопска Апелација одлучи поинаку и дозволи снимките да се користат за докази.

Од СЈО велат дека до Апелација ќе поднесат жалби за овие шест предмети во жалбениот рок.