Грчката полиција го потврди апсењето на Грујевски и Бошковски

19.10.2017 14:54

Тие биле уапсени пред да ја напуштат Грција, во обид да отпатуваат во друга земја на ЕУ со лажни бугарски патни исправи. Претставник од грчкото правосудство, кој посакал анонимност, изјави дека обвиненијата за овие две лица се поврзани со скандал за незаконско прислушување.

Горан Грујевски и Никола Бошковски, двајцата поранешни началници во МВР, кои од СЈО се обвинети во предметот „Тврдина“, ноќеска се уапсени во Солун, Грција, потврди грчката полиција за медиумите.

Тие биле уапсени пред да ја напуштат Грција, во обид да отпатуваат во друга земја на ЕУ со лажни бугарски патни исправи. Претставник од грчкото правосудство, кој посакал анонимност, изјави дека обвиненијата за овие две лица се поврзани со скандал за незаконско прислушување.

Досега портпаролот на МВР официјално за МТВ не ја потврди оваа информација. Од Министерството за правда информираат дека сѐ уште немаат добиено известување од интерпол за апсење на Грујевски и Бошковски во Грција, по што ќе можат да ја почнат постапката за екстрадиција.

Грујевски и Бошковски се во бегство од 18-ти јули, откако Кривичниот суд- Скопје 1 им одреди мерка притвор.