Караџовски: Судскиот совет не работи селективно
Судскиот совет не работи селективно, вклучувајќи го ислучајот на екс-претседателот на Кривичен, Панчевски, изјави за медиумите претседателот на Советот, Зоран Караџовски...

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски го очекува извештајот од Комисијата која врши проверка на АКМИС системот. Без коментар на прашањето, дали тој ќе понесе лична одговорност или членовите на Судскиот совет, доколку се нотираат некакви злопотреби на системот за распределба на предметите во скопскиот Кривичен суд.
Советот не работи селективно, тврди Караџовски. За секој што има покренато претставка, се разгледува. Во однос на увидот во предметот за одлуките за претрес во домот и на работното место на поранешниот претседател на скопска единица, Владимир Панчевски, Караџовски демантира дека вршеле притисок врз судијката од Гевгелија, која ги донела одлуките. Вели, не сме ја преиспитувале одлуката, но според него, чудно било како дошло, Гевгелискиот суд да решава за случајот.
На седницата на Судскиот совет, донесени конечните оценки за судии и претседатели на судови. Одлуките за нив се во подготовка.
Наташа Гркова- Петрушевска
