Доделени наградите БАФТА
17.02.2014 11:21
„Гравитација“ беше прогласен за најдобар филм...

На свеченото доделување на наградите БАФТА на Британската филмска и телевизиска академија, „Гравитација“ беше прогласен за најдобар британски филм.
Ги однесе и наградите за визуелни ефекти, најдобар звук и ориинална музика, а Алфонсо Куарон го доби признанието за најдобар режисер.
Наградата за најдобар филм ја доби „12 години роб“. Неговата ѕвезда Џиофор Чиветел беше прогласен за најдобар актер, а Кејт Бланшет за најдобра актерка во „Син јасмин“.
