Ќе се изготви нацрт- програма за реформа на управувањето со јавните финансии

19.10.2017 15:08

Граѓанскиот сектор почна со серијата дебати за нацрт-програмата за реформа на управувањето со јавните финансии. Сметаат дека податоците имаат видливост, но сѐ уште е недовлна нивната транспарентност и гледливост како се трошат.

Со 20 милиони евра од Унијата ќе се изготви нацрт- програма за реформа на управувањето со јавните финансии. Треба да помогне при рационализација на финансиското работење на јавните институции, да се зајакне надзорот и транспарентноста во трошењето на народните пари. Координаторот за искористувањето на парите од ИПА 2 програмата, вели дека оваа нацрт-стратегија ќе помогне за да се отстрани проблемот што со години се посочува во извештаите на Брисел.

Дел од невладините организации сметаат дека нема доволна транапсарентност како се трошат парите. Невладините со совет до политичарите- крајно време е да се промени перцепцијатаза улогата на цивилниот сектор.

Нацрт- програмата за реформа на управувањето со јавните финансии ќе се спроведува во периодот од 2018-та до 2021-та година.

Дијана Ценевска