Азилантска драма на лет од Етиопија до Швајцарија
17.02.2014 11:29
Копилотот ја презел контролата над авионот кој патувал од Адис Абеба до Рим и го пренасочил кон Женева за да побара азил...

Киднапиран авион слета во Женева. Копилотот ја презел контролата над авионот кој патувал од Адис Абеба до Рим и го пренасочил кон Женева за да побара азил.
Невооружен, чекал пилотот да отиде во тоалетот за да се заклучи во пилотската кабина. По принудното слетување, копилотот излегол од прозорецот и побарал азил.
Киднаперот е уапсен, ситуацијата е под контрола, а сите 200 патници и екипаж, неповредени, повторно се упатиле кон Рим.
