Четворица обвинети за грабежот во НЛБ банка признаа вина, не открија каде се парите
Првообвинетиот се гони за затајување и тешка кражба, вториот за помагање за истите дела, третиот се гони за тешка кражба со помагање, а четвртиот за соизвршителство при затајување. Следното рочиште е закажано за 27-ми октомври, кога ќе бидат и завршните зборови.

Четворицата обвинети за грабежот во НЛБ банка признаа вина пред судот. Изјавија дека се виновни оти со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, ја искористиле работната позиција и противправно присвоиле 400 илјади швајцарски франци и 375 илјади евра.
На 10-ти април извршиле кражба на 2 милиона швајцарски франци и 270 илјади евра. Сепак, обвинетите не откриле што сториле со украдените пари- велат од обвинителството.
Првообвинетиот се гони за затајување и тешка кражба, вториот за помагање за истите дела, третиот се гони за тешка кражба со помагање, а четвртиот за соизвршителство при затајување.
Следното рочиште е закажано за 27-ми октомври, кога ќе бидат и завршните зборови.
Надлежен обвинител доставил и обвинителен предлог против други четворица, како и одговорни во банката за несовесно постапување. Постапката за нив продолжува одвоено.
