МВР го достави известувањето за Грујевски и Бошкоски до Министерството за правда

19.10.2017 19:05

МВР, како што информира, денеска го доби Известувањето од Интерпол-Атина за Бошкоски и Грујевски кои се бараа со меѓународна потерница, а вчера беа приведени во Солун. Бошкоски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Министерството за внатрешни работи го испрати Известувањето од Интерпол-Атина за Никола Бошкоски и Горан Грујевски до Министерството за правда за тоа да ги достави потребните документи за екстрадиција.

МВР, како што информира, денеска го доби Известувањето од Интерпол-Атина за Бошкоски и Грујевски кои се бараа со меѓународна потерница, а вчера беа приведени во Солун.

Бошковски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Двајцата од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.