ЕУ: Каталонската криза не е на дневен ред на самитот
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изрази загриженост за ситуацијата на Пиринејскиот полуостров, нагласувајќи дека и покрај сериозноста на кризата, Каталонија нема да биде тема на дводневниот самит во Брисел.

Европските лидери потенцираа дека нема да посредуваат во спорот меѓу Шпанија и Каталонија откако владата во Мадрид потврди дека се подготвува за преземање на автономијата на регионот.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изрази загриженост за ситуацијата на Пиринејскиот полуостров, нагласувајќи дека и покрај сериозноста на кризата, Каталонија нема да биде тема на дводневниот самит во Брисел.
По референдумот на први октомври, лидерот на шпанскиот автономен регион Карлес Пуџдемон потпиша Декларација за независност, па ја блокираше за да разговара со Мадрид.
Шпанската влада му постави два ултиматуми на кои не доби одговор за конечнот став на Пуџдемон, па најави активирање на Член 155. Тој се закани дека ќе прогласи апсолутна независност ако Мадрид продолжи со постапката.
