Тројца повредени и еден приведен во тепачка во автобус во близина на Битпазар
20.10.2017 10:31
Повеќе лица го нарушиле јавниот ред и мир и ги нападнале патниците во автобусот на јавниот превоз со број 50.

Три лица се повредени, а едно е приведено во тепачката која настанала вчеравечер на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во близина на Битпазар.
Повеќе лица го нарушиле јавниот ред и мир и ги нападнале патниците во автобусот на јавниот превоз со број 50.
Притоа бил попречен и возачот на автобусот кој со возилото удрил во друг автобус. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството.
