ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС спроведе криминални избори
20.10.2017 10:35
СДС продолжи да ја раскрчмува државната каса и да ја ограбува државата. Прекршено е ветувањето во предизборието дека државата нема да се задолжува велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС спроведе криминални избори. Продолжи да ја раскрчмува државната каса и да ја ограбува државата. Прекршено е ветувањето во предизборието дека државата нема да се задолжува велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Досега, долгот е зголемен за неверојатни 540 милиони евра- тврдат во оваа партија. Се кратат зголемувањата на пензиите, на платите, не се отвораат нови работни места, нема нови инвестиции во инфраструктурата, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Државата оди во банкрот и за тоа ќе има одговорност, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
