ТМРО: ДИК ги крие од јавноста нашите приговори

20.10.2017 10:41

Според оваа партија, ДИК никаде не ги спомнува овие приговори, ги нема ниту на нивната електронска страница, се кријат од јавноста со што не постои регуларност...

ТМРО тврди дека има поднесено приговори до ДИК и за Општина Аеродром, за Кавадарци и за сите избирачки места во Град Скопје. Тоа го направиле преку Општинските изборни комисии, а според оваа партија, ДИК никаде не ги спомнува овие приговори, ги нема ниту на нивната електронска страница, се кријат од јавноста со што не постои регуларност.

ТМРО потсетува дека приговорите биле за рачното броење на ливчињата од кутиите.