До недела сончево, од понеделник дожд
20.10.2017 10:55
Од понеделник се очекува дожд, во вторник ќе има појави на грмежи. На повисоките планини овие врнежи ќе преминуваат во снег...

Скопје е најтопол град во регионот. Температурата ќе достигне 28 целзиусови степени. И до недела ќе се задржи стабилно и суво време со надпросечна дневна температура.
Од понеделник се очекува дожд, во вторник ќе има појави на грмежи. На повисоките планини овие врнежи ќе преминуваат во снег, а в среда на југоистокот од земјава ќе врне, додека на север се можни врнежи од снег на планините.
