Тереза Меј бара ЕУ да ги придвижи преговорите
20.10.2017 11:13
Според процедурата, Обединетото Кралство официјално ќе го напушти блокот во 2019 година.

Британската премиерка Тереза Меј ги повика лидерите од Европската унија да понудат динамика која ќе овозможи постигнување на напредок во преговорите за Брегзит.
Според процедурата, Обединетото Кралство официјално ќе го напушти блокот во 2019 година.
Лидерите на ЕУ навестија дека на состанокот на кој нема да учествува Меј, ќе одлучат дека не е направен доволен напредок по прашањето за разделба со ЕУ, по што ќе се прејде на прашањето за идните односи и транзиција.
