Италија: Референдум во Ломбардија и Венето

20.10.2017 11:29

На 22-ри октомври граѓаните ќе се изјаснат за тоа дали сакаат помалку пари од нивните даноци да им се пренесуваат на италијанските региони кои не се толку богати.

Италијанските области Ломбардија и Венето организираат консултативен референдум за поголема автономија во однос на Владата во Рим.

На 22-ри октомври граѓаните ќе се изјаснат за тоа дали сакаат помалку пари од нивните даноци да им се пренесуваат на италијанските региони кои не се толку богати.

Сумата од даноците е проценета на 70 милијарди евра годишно.