Претседателски избори во Словенија, Борут Пахор фаворит

20.10.2017 11:55

Сегашниот шеф на државата, Борут Пахор, е фаворит и се прогнозира дека ќе добие околу 55% од гласовите.

В недела Словенците бираат нов шеф на државата. На шестите претседателски избори од осамостојувањето на земјата учествуваат девет кандидати.

Меѓу темите за ќе дебатираат се и подобрувањето на животниот стандард и решавање на граничниот спор.

Сегашниот шеф на државата, Борут Пахор, е фаворит и се прогнозира дека ќе добие околу 55% од гласовите.

Претседателскиот мандат во Словенија е пет години.