Светска банка: Раст на македонската економија од 1,5% во 2017-та

20.10.2017 12:27

Во извештајот „Миграција и мобилност“, Светска банка појаснува дека причини за надолната корекција била политичката нестабилност во првата половина од годината, а како главни двигатели на растот ги смета потрошувачката, придвижена од зголеменото вработување и инвестициите.

Најновата октомвриска проекција на Светска банка за растот на македонската економија во 2017-та година е 1,5 проценти, наместо 2,8 како што се предвидуваше со априлската проекција.

За наредната година Светска банка очекува раст на БДП од 3,2%, а во 2019-та до 3,9%. Во извештајот „Миграција и мобилност“, Светска банка појаснува дека причини за надолната корекција била политичката нестабилност во првата половина од годината, а како главни двигатели на растот ги смета потрошувачката, придвижена од зголеменото вработување и инвестициите.

Светска банка очекува годинава буџетски дефицит до 3% од БДП, и негово намалување до 2,2% до 2019-та. За земјите од Западен Балкан, вашингтонските банкари предвидуваат за годинава во просек раст од 2,8%, а за наредната 3,2%.

Највисок раст се очекува од Црна Гора и од Косово 4,2% односно 4,1%. За Албанија се предвидува раст од 3,6%. Економијата на БиХ ќе порасне за 3%, а на Хрватска 2,9% и Србија 2,3%.