САД: Се гради граничниот ѕид со Мексико

20.10.2017 12:38

Осум прототипови со височина од околу 5 до 9 метри се поставени во близина на границата којашто е долга 3.142 километри.

Привршуваат градежните работи на граничниот ѕид со Мексико. Осум прототипови со височина од околу 5 до 9 метри се поставени во близина на границата којашто е долга 3.142 километри.

Од нив, веќе 1.100 километри се покриени со ѕид, метална или жичана ограда.

Мексико и САД се одвоени и со виртуелна бариера, камери, топлотни сензори, инфрацрвени зраци и надзор од 20 илјади гранични агенти.