СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот
20.10.2017 13:00
Гласањето беше по слободна волја и без притисоци, велат во СДСМ, а резултатите на изборите покажаа како изгледаат општините и Македонија воопшто.

Граѓаните гласаа слободно, изборите беа фер и демократски. ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот- порачуваат од СДСМ.
Гласањето беше по слободна волја и без притисоци, велат во СДСМ, а резултатите на изборите покажаа како изгледаат општините и Македонија воопшто.
Организирањето криминални избори биле одлука на владеењето на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа време заврши- велат во СДСМ.
