Регистрирани три нови случаи на мали сипаници

20.10.2017 14:32

Десетмина од заболените живеат во населбата Маџари, во реонот Кванташка депонија. Двајца се од Чаир, по еден заболен има од Сопиште, Шуто Оризари и од Кондово, а еден од пријавените е државјанин на Косово.

За една недела регистрирани три нови случаи на мали сипаници. Вкупниот број на заболени се искачи на 17- соопшти Институтот за јавно здравје. Десетмина од заболените живеат во населбата Маџари, во реонот Кванташка депонија. Двајца се од Чаир, по еден заболен има од Сопиште, Шуто Оризари и од Кондово, а еден од пријавените е државјанин на Косово.

Од Институтот информираат дека симптомите на првиот пријавен случај се јавиле на 15-ти септември. На Клиниката за инфективни болести биле хоспитализирани 13 лица, а едно било хоспитализирано на Клиниката за детски болести.

Само кај два случаи биле регистрирани компликации во вид на пневмонија. До 13-ти октомври се вакцинирани над 8.000 луѓе.