Бугарската компанија „Енекод“ нов сопственик на „Фени“

20.10.2017 14:35

Сите работници ќе останат со статусот што го имаа – информираат од Синдикатот за индустрија, рударство и енергетика. Најавени се и нови вложувања...

„Фени индустри“ не оди во стечај. Бугарската компанија „Енекод“ е нов соственик на комбинатот. Сите работници ќе останат со статусот што го имаа – информираат од Синдикатот за индустрија, рударство и енергетика.

Најавени се и нови вложувања. Бугарите ги преземаат сите обврски кон доверителите, наскоро ќе се продолжи со нормална работа.

Инаку, комбинатот за фероникел има околу 1.000 работници.