МНР потврди дека во Словачка се приведени македонски државјани

20.10.2017 15:04

Тие се приведени во фабрика најверојатно кинеска сопственост, во близина на словачкиот град Трнава.

Министрерството за надворешни потврди дека во Словачка биле приведени 8-мина македонски државјани кои работеле со лажни дозволи за работа. Тие се приведени во фабрика најверојатно кинеска сопственост, во близина на словачкиот град Трнава.

Сите приведени се сместени во центарот за странци во близина на Словачко- унгарската граница. Одреден им е рок од 7 дена за напуштање на Словачка.