Амнестија за украинските демонстранти
17.02.2014 11:55
Ослободени ќе бидат околу 2 илјади уапсени активисти...

Во Украина стапи во сила амнестијата за сите уапсени активисти, кои ќе бидат ослободени. Ова беше клучното барање на опозицијата и ултиматум на демонстрантите. Ослободени ќе бидат околу 2 илјади уапсени активисти.
„Ова е многу важен процес. Докажавме дека не ги напуштаме нашите активисти и дека тие што се борат против режимот ќе бидат заштитени“, изјави Олег Тјагнибок, лидер на опозициската „Слобода“.
Опозицијата најави дека на средбата со германската канцеларка Меркел во Берлин ќе побараат финансиска помош, а не само зборови од Европа.
