САД: Усвоен нацрт-буџетот за 2018 година

20.10.2017 15:51

Поради неуспехот да го поништи Законот за здравствено осигурување на својот претходник Барак Обама, Трамп и неговите сојузници во Конгресот се обидуваат до крајот на годинава да го спроведат историскиот закон за намалување на данокот.

Американскиот Сенат и даде зелено светло на даночната реформа предложена од Републиканците и претседателот Доналд Трамп, со која се предвидува намалување на вкупното даночно оптеретување за 1.500 милијарди долари. Со 51 глас за, а 49 против, е одобрен предлог буџетот за 2018-та година вреден 4.000 милијарди долари.

Поради неуспехот да го поништи Законот за здравствено осигурување на својот претходник Барак Обама, Трамп и неговите сојузници во Конгресот се обидуваат до крајот на годинава да го спроведат историскиот закон за намалување на данокот.

Демократите тврдат дека овие мерки им одат во полза на богатите, а конзервативците се загрижени дека ќе предизвикаат експлозија на буџетскиот дефицит.