ДУИ очекува победа во вториот круг
ДУИ е убедена дека на 29-ти октомври ќе има двојно повеќе гласови од нивните опоненти во албанскиот блок. Велат дека нивната програма е за граѓаните и тоа ги прави поинакви од противниците за кои сметаат дека немаат никаква понуда.

Демократската унија за интеграција очекува апсолутна победа на 29-ти октомври, велат од Централниот штаб на партијата. Сметаат дека ќе добијат двојно повеќе гласови од нивните опоненти во албанскиот блок.
Портпаролот Арбр Адеми посочи дека на 15-ти октомври ја прокнижиле единаесетата победа по ред и вели оти им го нанеле вториот пораз на движењето БЕСА и на Алијансата за Албанците.
Од ДУИ додаваат и дека нивната програма е за граѓаните, а тоа, според нив, ги прави поинакви од нивните опоненти, за кои Адеми рече дека немаат никаква програма.
Андријана Атанасовска
