БЕСА: На општина Сарај ѝ треба градоначалник кој ќе направи промена
Движењето БЕСА со активности пред вториот круг од локалните избори. Се претстави кандидатот за градоначалник на Сарај. Бекију вети промени...

На општината Сарај ѝ треба градоначалник кој знае како да направи промена, кој носи надеж и ќе ги обедини граѓаните, рече во своето обраќање кандидатот на БЕСА за градоначалник на Сарај, Башким Бакију. Пред присутните членови и симпатизери тој рече дека на митинзите во општина Сарај секогаш велел дека општината нема да биде на ниту една партија, ни на движењето БЕСА, ни на партијата Алијанса за Албанците, ни на некоја индивидуа или на некоја група.
„Општината треба да биде на сите граѓани, сите кои живеат тука треба да ги уживаат благодетите , а не некоја група или личност да ја користи општината за лични интереси. Ви ветувам дека општината ќе биде на сите граѓани кои живеат во Сарај. Нашите врати ќе бидат отворени за сите, и за оние кои имаат проблем и бараат решение и за оние кои сакаат да не пофалат за сработеното. Ќе вложам максимални напори за подобрување на квалитетот на образованието во училиштата, борбата против непотизмот и политизацијата на училиштата. Природните ресурси ќе се претворат во генератори на економски раст, заедно со локалните претпријатија ќе се грижат за привлекување на странски инвестиции, за да се обезбеди одржлив локален развој. Ќе вложуваме во инфраструктурата, ќе го потикнеме развојот на граѓанскиот сектор, со пари од европските фондови ќе ги реализираме нашите проекти“, изјави Бакију.
Бакују ги повика жителите на Сарај да му ја дадат довербата на 29-ти октомври.
Наташа Јанчиќ
