Француски активисти му нудат засолниште на Пуџдемон
Шпанскиот сенат в петок ќе гласа за распуштање на владата на Карлес Пуџдемон и одржување на регионални избори, откако каталонската администрација не ја испочитува забраната за референдумот за независност.

Француски активисти и нудат засолниште на каталонската влада доколку се влошат односите со Мадрид. Имотот е лоциран во Перпињан, каталонско говорно подрачје припоено кон Франција во 17 век, а во план е изнајмување на уште неколку недвижнини.
Шпанскиот сенат в петок ќе гласа за распуштање на владата на Карлес Пуџдемон и одржување на регионални избори, откако каталонската администрација не ја испочитува забраната за референдумот за независност.
Еден ден претходно, каталонскиот парламент ќе одлучува за конечниот одговор за самостојност. Официјален Брисел е засегнат од спорот, но најави дека нема да посредува во внатрешниот проблем на Шпанија.
