Продолжува дипломатскиот спор меѓу САД и Русија

24.10.2017 11:34

Дипломатската криза меѓу двете велесили почна со затворањето на Рускиот конзулат во Калифорнија.

Американските власти не им дозволија влез на руските дипломати во Генералниот конзулат во Сан Франциуско. Планирале да ја земат конзуларната архива, која според нив, американските власти самоволно ја префрлиле во Вашингтон.

Дипломатската криза меѓу двете велесили почна со затворањето на Рускиот конзулат во Калифорнија.

САД побараа Русија да ги прекине активностите во Сан Франциско и во Вашингтон откако Москва нареди намалување на дипломатскиот персонал во Русија во период на влошени билатерални односи.