Десет мигранти откриени во возило на патот Гевгелија-Неготино
24.10.2017 12:23
25-годишниот возач од Скопје е приведен и против него до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава...

Десет мигранти од Сирија и од Пакистан синоќа околу полноќ биле откриени во товарно моторно возило со радовишки регистарски таблички, на патот Гевгелија-Неготино.
25-годишниот возач од Скопје е приведен и против него до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава, информираа од СВР-Велес.
