Претседателот Иванов од утре во работна посета на Брисел
24.10.2017 12:34
Иванов ќе сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Шефот на македонската држава в четврток ќе учествува на Форумот за домашна и глобална политика...

Од утре Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов е во дводневна работна посета на Брисел. Иванов ќе сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Шефот на македонската држава в четврток ќе учествува на Форумот за домашна и глобална политика, што се одржува во рамките на форумот Кран Монтана, кадешто ќе говори на сесијата посветена на иницијативата „Три мориња“.
Иванов во Брисел ќе се сретне и со белгискиот вицепремиер и министер за надворешни работи Дидие Реиндерс.
