ВМРО-ДПМНЕ: Управниот суд подлегна под притисокот од СДС и СЈО

24.10.2017 13:04

Според опозициската партија, ваквото делување на Управен е заради оркестрираниот притисок од двоецот СДС-СЈО.

Управниот суд подлегна под систематскиот притисок од СДС и СЈО и не дозволи прегласување во ниту едно избирачко место, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на одлуките на Управниот суд.

ДИК и Управниот суд беа под страшен притисок како и целата администрација. ДИК и Управниот суд одеа по линија на помал отпор и одлучија да замижат пред очигледниот фалсификат на овие избори само за да не станат предмет на натамошен прогон на политичкото обвинителство на Заев. Вакво насилство, притисоци и закани немало и не смее да се повторат. Целата јавност преку доказите и фактите кои беа објавени во медиумите виде дека на изборите во недела беше направен најголемиот изборен фалсификат во независна Македонија, изјави Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, ваквото делување на Управен е заради оркестрираниот притисок од двоецот СДС-СЈО.