Туск: ЕУ мора да биде подготвена на сите сценарија

24.10.2017 13:50

Претседателот на Европскиот совет изрази очекување до средината на идната година во ЕУ да биде постигната согласност за заедничка одговорност за заштита на надворешните граници...

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека Европската унија треба да биде подготвенa за секакoв развој на преговорите за заминувањето на Велика Британија - за постигнување договор, за недостиг на договор или за неуспех на заминувањето.

Тој рече дека без разлика на тоа што ќе се случи, ние треба да останеме обединети, истакна тој и додаде дека исходот зависи од Лондон. Туск соопшти дека во февруари следната година ќе свика вонреден Европски совет посветен на следните избори за Европскиот парламент во 2019 година.

Претседателот на Европскиот совет изрази очекување до средината на идната година во ЕУ да биде постигната согласност за заедничка одговорност за заштита на надворешните граници, за забрзување на враќањето на незаконски инфилтрираните мигранти, како и за Даблинскиот договор.