Металургија: Позитивни придвижувања има, но квалификуван кадар нема

24.10.2017 15:17

Во металната индустрија има позитвно придвижување, но ефектите Ќе се почувствуваат в година- оценуваат од Здружението за металургија. Велат- и индустриите во нејзина фунцкија веќе имаат динамизирање на активностите.

Се зголемува обемот на нарачки, растат производството, извозот, приходите. Во металната индустрија има позитвно придвижување, но ефектите ќе се почувствуваат в година- оценуваат од Здружението за металургија. Велат- и индустриите во нејзина фунцкија веќе имаат динамизирање на активностите. Политичката криза и случувањата на светските пазари влијаеа со стагнација, цените на суровите сега се поволни. Овој сектор ја влече економијата напред, но и назад. Очекуваат конкретна подршка од владата преку енергетиката, транспортот, екологијата, административните формалности за увоз на старо железо.

„Во Арчелор Митал, Макстил и Дојранстил веќе имаме евидентен раст и на производството и на другите финансиски показатели. Кај металопреработувачките капацитети добро одат работите и многу брзо ќе се видат резултати, кај Фени можеби до крајот на годинава, а кај Југохром ќе почекаме да се рестартира производството. Во Фени и Југохром состојбите се неповолни поради локални причини, промена на сопственичката структура во Фени и еколошките проблеми на Југохром. Очекуваме со новите сопственици да се рестартира производството во Фени во полн капацитет, а Југохром напролет“, вели Митко Кочовски, претседател на Здруженито за металургија при Стопанската комора.

Металната индустрија се соочува со недостиг од кадар, просечната старост на вработени е 53 години, со бенифициран стаж тие се блиску до пензија. За квалификувани работници државата мора да направи коренити промени на образовниот систем, посочува Кочовски.

Просечната плата во оваа индустрија е поголема од 20 илјади денари, но неповолно влијаат прирастот и миграциските движења.

 

Сузана Фиданска- Стоевска