Премиерот Заев на средба со синдикалните претставници на „Еурокомпозит“
Од Владата соопштуваат дека следната недела на седница ќе донесат одлука за обезбедување средства. Се разгледува колку средства се потребни за набавка на потребните репроматеријали, за да се овозможи производство.

Една плата следната недела и системски решенија за трајно решавање на егзистенцијата на вработените и на претпријатието. Ова го ветил премиерот Заев на средбата со синдикалните претставници на „Еурокомпозит“.
Од Владата соопштуваат дека следната недела на седница ќе донесат одлука за обезбедување средства. Се разгледува колку средства се потребни за набавка на потребните репроматеријали, за да се овозможи производство.
Во меѓувреме, се разгледуваат опциите да се прошири опфатот на Законот за материјално обезбедување невработени лица, поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, со што со обезбедување месечен надомест трајно би се решило прашањето на над стотина лица од „Еурокомпозит“ кои имаат над 60 години.
Претставниците на Синдикатот, на средбата, го поздравиле ветувањето на премиерот.
