Метео: Променливо облачно и ветровито време
24.10.2017 15:51
Во попладневните часови облачноста ќе се намалува и се очекуваат сончеви периоди. Во Скопје температурата ќе достигне до 14, а максималната на југоисток до 18 степени.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и ветровито време, со повремено засилен ветер од северен правец.
Во попладневните часови облачноста ќе се намалува и се очекуваат сончеви периоди. Во Скопје температурата ќе достигне до 14, а максималната на југоисток до 18 степени.
Во четврток и петок дневните температури ќе бележат понатамошен пораст.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
