Солун

Повторно одложено судењето на Грујевски и Бошкоски

24.10.2017 16:01

Грујевски и Бошкоски имале адвокат од Грција и од Македонија, но со часови чекале на преведувач на македонски јазик. Судењето по втор пат е одложено.

Поранешните вработени во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски денеска се појавија во Судот во Солун, за да им се суди за обидот да ја напуштат Грција со фалсификувани бугарски пасоши. Судењето повторно е одложено. Двајцата имале адвокати од Грција и од Македонија, но со часови чекале на преведувач на македонски јазик.

Во меѓувреме, скопскиот Кривичен суд постапува по барањето за нивна екстрадиција. Кривичен совет од одделението за организиран криминал работи на барањето кое преку Апелација пристигна од Министерството за правда.

Од таму пренесуваат дека надлежниот суд треба да ја собере целата документација за отпочнување на постапката. Посочуваат дека ќе се постапува според домашната законска регулатива и меѓународните конвенции за екстрадиција.

Грујевски и Бошкоски од СЈО се обвинети во предметот „Таргет- Тврдина“ поради незаконско прислушување.