Ибрахими на средби со жители на Топанско Поле

24.10.2017 16:18

„Подобра инфаструктура и почиста животна средина“- заложби на кандидатот на БЕСА за градоначалник на Чаир, Зеќирија Ибрахими. Според него, јавниот простор наместо со гради треба да биде со зелени површини.

Кандидатот на движењето БЕСА за градоначалник на Чаир, Зеќирија Ибрахими на средби со жители на Tопанско Pоле. Вели – директниот контакт е најдобар за претставување на програмата.

Ибрахими најави проекти за подобар живот, за поквалитетно образование, нови работни места, улици, заштита на животната средина.

Ибрахими вети дека вредно ќе работи и ќе биде во служба на граѓаните. Јавниот простор според него не треба да биде узурпиран со градби, туку да има што е можно повеќе зелени површини.

Игор Панов