Претседателот Иванов во Брисел на средба со Туск

25.10.2017 08:12

Претседателот Иванов од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел. Како што соопшти неговиот кабинет, денеска ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел, Кралството Белгија. На почетокот на агендата на претседателот Иванов е најавена средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Утре претседателот Иванов ќе учествува на 19. Годишна сесија на форумот за домашна и глобална безбедност, во рамките на Форумот Кран Монтана. Предвидено е претседателот Иванов да се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот, како и на пленарната- посветена на соседската политика на Европската унија, со посебен фокус на „Иницијативата три мориња“.

За време на работната посета на Брисел, претседателот Иванов ќе оствари средба и со заменик претседателот на владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс.