Шојбле: Грција излезе од кошмарот на кризата
25.10.2017 10:16
Стабилизирањето ќе се случи без да бидат преземени нови мерки, а во 2018 година, Грција ќе се врати на меѓународните пазари.

Новоизбраниот претседател на германскиот Бундестаг и досегашен министер за финансии на Германија, Волфганг Шојбле изјави дека по реформите Грција излегла од најлошиот дел на кризата.
Стабилизирањето ќе се случи без да бидат преземени нови мерки, а во 2018 година, Грција ќе се врати на меѓународните пазари.
Шојбле ја повика Атина да ја преземе одговорноста за финаниските тешкотии и да работи на проблемот.
