ОН
САД разочарни од руското вето
25.10.2017 11:17
Истрагата позната како „Заеднички истражен механизам“ беше едногласно формирана од 15-члениот Совет за безбедност на ОН во 2015 година и обновена во 2016 година.

Вашингтон изрази разочарување поради одлуката на Русија да го искористи правото на вето во Советот за безбедност на ОН и со тоа да го спречи обновувањето на мандатот на комисијата за истражување на употребата на хемиско оружје во Сирија.
Истрагата позната како „Заеднички истражен механизам“ беше едногласно формирана од 15-члениот Совет за безбедност на ОН во 2015 година и обновена во 2016 година.
Нејзиниот последен извештај ќе биде презентиран в четврток, а мандатот на мисијата истекува кон средината на ноември.
