Европски држави жртви на вирусот „Бед ребит“

25.10.2017 10:54

Претходно, фирмата за безбедност на интернет „Лабораторија Касперски“ соопшти дека нападот е насочен против корпоративни мрежи.

Транспортни компании, медиуми и државни институции во Украина, Русија, Турција, Бугарија беа мета на кибернетички напад со вирусот „Бед Ребит“.

Претходно, фирмата за безбедност на интернет „Лабораторија Касперски“ соопшти дека нападот е насочен против корпоративни мрежи.

Регистрирани се и стотици напади со модификација на вирусите во неколку други земји.