СКСЗМ очекува максимален економски раст од 0,7 проценти годинава

25.10.2017 13:10

Оваа бизнис заедница порачува државата наместо да им дава субвенции за минимална плата на компаниите, да размисли за поддршка за воведување нови технологии и „ноу-хау“ што ќе ги направи финансиски помоќни и конкурентни...

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) со песимистичка прогноза- очекува годинава да ја заокружиме со максимален економски раст од 0,7 насто, наспроти последната прозноза на Светска банка за раст од 1,5 проценти.

Оваа бизнис заедница порачува државата наместо да им дава субвенции за минимална плата на компаниите, да размисли за поддршка за воведување нови технологии и „ноу-хау“ што ќе ги направи финансиски помоќни и конкурентни, а еднаквиот третман на странските и домашните инвеститори да не биде само во однос на даночните олеснувања и субвенциите, туку и во делот на инфраструктурата.

СКСЗМ останува на ставот дека Македонија треба да го тргне настрана митот за евтината работна сила, што поскоро да го спроведе пописот на населението и да се насочи најпрво кон намалување на увозот пред да го форсира извозот.